| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Зоран Маџиров: Ботлмен ја загуби битката

Светски познатиот музичар Зоран Маџиров почина денеска. Музичарот, кој по потекло е од Струмица, на 7 октомври 2016 година настрада во стравотна сообраќајна несреќа. Во коматозна состојба, Маџиров беше префрлен на КАРИЛ во Скопје, каде што лекарите се бореа за неговиот живот. Сообраќајната незгода се случи кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш. Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.

Инаку, тој со своето семејство живееше во Загреб, Хрватска. На светската јавност Маџиров ѝ беше познат како Ботлмен, односно човекот кој свири на шишиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top