| четврток, 6 декември 2018 |

Сите деца на првата дама на Франција: Претседателот им е очув, а може да им биде брат

kol

Франција завчера доби нов претседател, Емануел Макрон, кој победи на изборите со 66,1 проценти освоени гласови. Неговата реформска политика и проевропскиот „трет пат“ и привече француските гласачи, кои одучија да му дадат шанса.

Сепак, политиката не е единственото нешто поради кое Макрон го привлече вниманието на јавноста. Неговиот приватен живот стана предмет на интерес за светските медиуми поради фактот што Емануел е женет за 24 години постарата Брижит Макрон Троње, која му била професорка во средно училиште. Тие се во брак веќе 10 години, а Брижит од својот прв брак има две ќерки и син, кои дале свој придонес во кампањата на нивниот очув.

prv

Првата дама на Франција претходно била во брак со банкарот Андре-Луис со кој има три деца, синот Себастијан (42), и ќерките Лоренс (39) и Тифани (32).

Себастијан е нејзинотот најстаро дете, кое е постаро и од својот очув. Роден е 1975 година и е инженер, кој инаку бил многу активен во кампањата на Макрон, пренесува „Фр.њуз.јаху“.

sinot

Ќерката на Брижит, Лоренс е генерација со новиот претседател на Франција и заедно оделе во средно училиште. Во тој периот таа за Макрон изјавила: „Во мојот клас има една будала што знае сè“. По струка таа е кардиолог, а инаку е мајка на три деца.

lorens

Помладата ќерка на Брижит, Тифани била многу млада кога мајка ѝ се разделила со нејзиниот татко. Откако матурирала заминала во Париз да студира право и станала адвокат. На пошироката јавност ѝ станала позната во кампањата на Маркон, а била особено ангажирана во својот роден град. Тифани редовно го фалела својот очув, а во еден наврат го опишала како „неверојатна личност“. Таа инаку е мајка на две деца.

tif

Макрон постојано зборува за децата и за седумте внуците на Брижит со многу љубов. Инаку новиот претседател на Франција со својата сопруга нема деца, а изјавил дека на овој чекор се решиле заедно и дека не го смета за себичен.

– Не ми требаат биолошки деца и внуци за да им пружам повеќе љубов отколку што веќе му давам на ова семејство. Нашето семејство е мојата база и главна поддршка во животот – истакнал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top