| четврток, 6 декември 2018 |

„Бегај еве ја жена ти 2 (Па не баш)“ на кумановскиот театар вечерва гостува во Велес

Во вторник, на 9 мај, на сцената на Театар „Џинот“ Велес со почеток во 20 часот ќе гостува Театарот од Куманово со комедијата „Бегај еве ја жена ти 2 (Па не баш), работена по мотиви на Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски…

„Па, не баш!“ е типична комедија на ситуации градена врз текстуалната предлошка Caught in the Net (Фатен во мрежa) на британскиот мајстор на комедијата Реј Куни. Таа претставува „легитимно“ продолжение на Бегај еве ја жена ти од 2004 година – најиграната комедија на кумановската сцена во последните две децении.

Режисерот Ангеловски во својата адаптација, почитувајќи ги основните обележја на францускиот водвиљ (Пикар, Лабиш, Фејдо…), посегнува по англискиот хумор од текстот на Куни, давајќи му домашен шмек, локална географија и дијалект, и ткае возбудлива и современа приказна за луѓе од нашето секојдневие кои случајноста ги става во мноштво невозможни и урнебесни ситуации, со низа неочекувани пресврти.

Сценографија и костимографијата се на Илина Ангеловска, а драмтург на претставата е Зоран Зафировски. Актерската екипа ја сочинуваат: Горан Илиќ, Владо Дојчиноски, Кети Дончевска Илиќ, Александра Михајловска, Илија Струмениковски и Давид Илиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top