| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионската титула за одбојкарите на Струмица

odbojka str.

Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула откако во финалето на плеј офот со 3­-0 во победи ја совладаа екипата на Пробиштип. Синоќа во последниот натпревар струмичани на домашен терен славеа со максимални 3-0 во сетови со истиот резултат како што ги добија и првите два дуела.

Резултат по сетови: 25-22; 25-21 и 25-14. Со освојувањето на пехарот избраниците на тренерот Кире Ричлиев ја освоија двојната круна откако пред десетина дена беа најдобри и во Купот на Македнија. Воедно ова за Струмица е петта титула државен првак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top