
Владимир Ковачевиќ беше ликвидиран на 20 февруари 1997 година пред влезот на Сава центар и ова убиство и денеска е неразјаснето.Влада беше најдобриот пријател на Марко Милошевиќ, синот на српскиот претседател, Слободан Милошевиќ. Заедно ја делеа страста кон брзите автомобили и учествуваа на трки.
Марко го вклучи својот 39 годишен пријател и во шверцот со цигари и вртеле огромни суми на пари поради влијанието на родителите на Марко, Слободан и Мира.
До прекин на пријателство доаѓа кога ВладаТреф, како што бил прекарот на Владимир, тргнал на патување, но ненадејно се вратил дома бидејќи го заборавил пасошот. Во спалната соба ги затекнува Марко и неговата сопруга како водат љубов. Ги претепува и двајцата, а Марко му се заканил дека нема да живее уште долго.Тоа навистина и се случило и Треф бил убиен по неколку месеци.

Марко тврдел дека нема врска со тоа и бил еден од најтажните на погребот. Сепак, по неговата смрт, „бизнисот“ со цигари го продолжиле Марко и сопругата на неговиот починат пријател.Се шпекулира дека Марко и Весна после 5 октомври од Србија изнеле стотина милиони марки во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


