Марко Милошевиќ, синот на некогашниот претседател на Србија и СР Југославија Слободан Милошевиќ, во Москва и земјите на поранешна СССР држи повеќе ексклузивни ресторани и ноќни клубови од што се издржува себе си и мајка му Мирјана Марковиќ.
Откако регионалните медиуми открија дека станува збор за доста познат московски ноќни клубови „Гаража“ и луксузниот ресторан „Сиксти“, во кој често доаѓаат политичари, спортисти и пејачки од Србија, порталите пренесоа и дел од атмосферата од овие елитни места за забава.
Професионални полуголи танчарки, големи сепариња, ексклузивни шишиња алкохолни пијалаци, но и поглед на панорамата на Москва се само дел од атмосферата во локалите на Милошевиќ.
Семејството Милошевиќ наспроти тврдењата на одредени медиуми воопшто не живее скромно во руската престолнина.
Test Drive NightRoyal Enfield в гостях у Клуба Гараж
Posted by Garage Club / Клуб Гараж on Saturday, July 11, 2015
Токму спротивно, Марко кој е косопственик на повеќе клубови во поранешни земји на СССР собира голем приход.
Иако наведените угостителски објекти формално не се водат на Марко Милошевиќ, тој во нив вложил голем капитал кој ценејќи според репутацијата која ги следи локалите, повеќекратно му се враќа.
За тоа сведочат бројни фотографии и снимки на социјалните мрежи како и доказ за незапаметени баханалии во ноќниот живот на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.