-Не само што не се надминати правните и политичките пречки за доделување мандат за состав на Влада, туку во меѓувреме, со каубојскиот „избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието на РМ дополнително се усложни целата правно-политичка состојба во државата, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.
Според неа, Македонија од ден на ден влегува во се подлабока правна криза поради флагрантното кршење на Уставот и на сите правни акти од страна на СДС и албанските партии.
-Во Македонија веќе ни Устав е Устав, ни закон е закон. Во Македонија, благодарение на анархијата што ја воведе новото парламентарно мнозинство, веќе ништо не се прави и не се презема со почитување и во согласност со правните акти. Го видовме шверцерскиот „избор“ на Џафери, ја видовме иконографијата со албанските знамиња што пратеникот Џафери ги распосла во претседателскиот кабинет, видовме како пратеникот Џафери се претставува како претседател на Собранието а уште одлуката не му е објавена во „Службен весник на РМ“, видовме како пратеникот Џафери планира да ги води пленарните седници во Собранието на албански јазик спротивно на Уставот, спротивно на законите. Сведоци сме на еден голем правен хаос и безредие кое се стимупира се погласно и се подрско и од меѓународната заедница и од амбасадорите во земјата, вели универзитетската професорка.
Наместо владеење на правото, нагласува таа, во земјата имаме владеење на дивиот Запад, каде не се почитува националното право, ниту националните правила.
-Во една ваква правна збрка, претседателот Иванов дополнително има основ и мора да каже дека не се надминати правните и политичките пречки за доделување на мандат, иако каубојциве се решени да го рушат системот по секоја цена. Тие се поддржани од Дивиот Запад каде очигледно сила Бога не моли. За жал Македонија се повеќе заликува на див Запад, во кој политичката сила и политичките наредби се посилни од правото, вели Каракамишева- Јовановска.
Ако Уставниот суд не најде сила да ги врати работите околу владеењето на правото во земјата назад, кон правото, тогаш Република Македонија ќе отиде во насока од каде враќање кон правото повторно нема да има, заклучува универзитетската професорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тања Каракамишева: Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
-
Каракамишева: Волку да не те сака народ како што не го сакаат Заев, а него буквално да не го боли уво заради тоа може да се смета за сериозна патолошка болест
-
Каракамишева: Овој Договор е најгеноцидниот документ за Македонците во поновата историја
-
Каракамишева: Не е време за пеење, ниту има причина за радување!