Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се тие зад коишто сите оние што си ја сакаат својата земја треба сплотено да застанат и да изградат стратегија како понатаму, смета политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Анализирајќи ги актуелните случувања за РСМ, потсетува на предупредувањата за 63 пратеници.
– Сакам сите да ги потсетам дека ВМРО и Груевски беа тие кои предупредуваа дека Македонија се наоѓа во тешка политичка криза, дека е отворена Пандорината кутија, дека Заев нуди сè и сешто и има пазарено албанизација на Македонија, на нешто коешто најотворено беше укажувано дека ако ВМРО – ДПМНЕ нема 63 пратеници сите тие работи можат да бидат реализирани од Заев и албанските политички партии. Сега кога го гледаме резултатот со 51 пратеник, мора да бидеме свесни дека Грувски сам и со неговата партија немаат магично стапче кое може да ги смени приликите. Приликите се такви, во координација со сценаристот, зборувано и зборувано досега многу пати. Тоа пак на ВМРО не му дава право да седи пасивно. Јас сакам да укажам на тоа дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се зад коишто сите патриоти треба сплотено да застанат и да изградат стратегија како понатаму – дециден е Пандов.
Според Пандов, во Македонија постои само еден национален лидер, а како што вели, тоа е Груевски.
– Тоа го тврдам од повеќе причини. Првично затоа што сите резултати кои ги има направено како политичар се огромни. Тие никој не ги опсорува, но и во иднина ако некој се обиде, а ќе се обидуваат СДС и СОРОС, но нема да успеат во тоа. А тоа се економските показатели, социјалните показатели. Тоа е нешто коешто на Груевски му дава најголем рејтинг кај македонската јавност. ВМРО-ДПМНЕ под лидерство на Груевски има 10 победи од 2005 до 2016 и на последните избори на 11 декември во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ пак победи и покрај сите притисоци и кампањи на СЈО – појаснува Пандов.
Дали претседателот Иванов ќе го додели или не мандатот, Пандов вели дека тоа во моментов нема ништо да смени.
– Како што Талта Џефери противсуставно и против законски беше избран, а меѓународната заедница го призна и му се обраќа како на претседател на Собранието, исто ќе биде и со изборот на Влада, ќе ја признае и ќе комуницира – заклучува Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски