Одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на капитенот на Аргентина, Лионел Меси, крена многу прашина во фудбалската јавност ширум светот, а своето мислење даваат и фудбалерите. Последниот кој се зборува на оваа тема е фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал, кој вели дека правилата на ФИФА не се исти за сите фудбалери.
– Би сакал правилата да бидат исти за сите. Се разбира, оваа одлука е добра за Аргентина. Секако убаво е да го гледаш Меси во дресот на репрезентацијата, бидејќи тој секогаш го дава својот максимум, но сакам да го кажам дека правилата на ФИФА не се исти за сите репрезентации и фудбалери. Тоа не е добро за оваа игра – истакна креативецот на Баварците.
Селекцијата на Чиле токму во овие квалификации за СП во Русија имаше две слични суспензии. Валдивија и Медел мораа да паузираат четири натпревари заради инцидент сличен на оној на Меси, додека Варгас беше казнет на два натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.