| четврток, 6 декември 2018 |

Србов за сите оние кои мислат дека Груевски попуштил: Тој стана синоним на отпорот кон надворешните сили

Груевски попуштил? Кажете ми, кој друг шеф на политичка партија во Европа пружил повеќе отпор бранејќи ги државните и националните интереси на својата земја, притоа изложувајќи се лично на огромен ризик, реагора аналитичарот Никола Србов на коментарите дека ВМРО и Груевски молчешкум отстапиле пред СДС и Џафери и потсетува дека Македонија, земја од два милиони жители, под водство на Груевски стана синоним на отпорот против надворешните притисоци.

„Груевски даде отпор и цела деценија ја бранеше државата од операцијата на меѓународната заедница да се промени власта со цел да се промени државниот систем и уредување, со крајна цел да се промени името и да се обезличи Македонија“, ги потсетува Србов на „Фејсбук“ сите оние кои сметаат дека Груевски попуштил.

„Цело време се говори за народ. Колку народ имаше пред Парламентот на 27 април? 3 до 4 илјади патриоти. И колку од нив влегоа во Собранието… Тоа ли е целиот народ? Каде беа другите? Дома, пред телевизор, на интернет. Време е да се биде реален, да се погледне на вистината в очи и да се биде самокритичен.
За сите кои шират разногласие дека Груевски попуштил: Груевски не само што не попушти, тој остана исправен докрај, а ве уверувам и дека е спремен да остане на браникот на интересите на Македонија и македонските граѓани“, пишува Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top