Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона е именуван за нов тренер на второлигашот од Обединетите арапски емирати, Ал Фуџерја
Марадона имаше кратка тренерска авантура до 2012 година истотака во ОАЕ, кога доби отказ од Ал Васли од Дибаи.
– Официјално, Марадона е тренер на Ал Фуџерја – стои во соопштението на официјалниот твитер профил на клубот.
Тоа го потврди и 56-годишната аргентинска легенда, на својот овицијален фејсбук профил.
Тој се слика со еден од сопствениците на клубот држејќи во рацете „црвено-бел“ дрес.
– Ова се моите нови бои – напиша Марадона.
Марадона е еден од најдобрите играчи на светот на сите времиња, а во својата кариера како фудбалер играше за Барселона, Наполи, Севилја, Бока Јуниорс, а со репрезентацијата го освои Светското првенство во 1986 година и играше финале четири години подоцна.
По завршувањето на кариерата две години беше селектор и на Аргентина од 2008 до 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот