Mакедонскиот филм „Златна петорка“ ја освои наградата за најдобар странски филм „Златен грифон“ на филмскиот фестивал во Перуџа.
Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан од 1951 и е работено по мотиви на Братислав Ташковски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажер Андрија Зафрановиќ, сценограф Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.
Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Билјана Таневски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.