Надлежниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото градоначаникот. Во моментов се собираат траги и доказен материјал од местото на настанот, како и наредби за криминалистичко – техничко вештачење.
Според првичните информации осомничениот за убиството, поранешен вработен во Општината, го паркирал своето возило во непосредна близина на Општина Боговиње и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна каде во тој момент седел градоначалникот на општината. По кратка расправија со градоначалникот, испукал неколку куршуми со огнено оружје – пиштол кон него.
Градоначалниот им подлегна на повредите во тетовската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.