
Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција екипата на ЖРК Вардар денеска со почеток од 17.45 часот во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта ќе го одигра четвртото полуфинале во низа во Лигата на шампионите против актуелниот шампион ЧСМ Букурешт.
По претходните три обиди за пласман во големото финале, кога „црвено-црните“ беа спречени да се пласираат во големото финале, оваа сезона веќе е време целата спортска јавност во Македонија да се израдува на пласман во едно големо финале бидејќи костурот на составот на вардарки е речиси истиот засилен со неколку квалитетни ракометарки на дефицитарните позиции.
Иако Букурешт е ослабен во играчкиот кадар од минатата сезона избраничките на тренерот Дибирова предупредуваат дека противникот кој истотака важеше за аутсајдер минатата година кога токму тогаш ја освои европската титула, може да одигра на високо ниво и дека не треба однапред победата во полуфиналето да биде вкалкулирана.
Сите ракометарки знаат дека до европската титула се стигнува само со безпоштедна битка на теренот и дека треба да се одигра максилано концентрирано, борбено и тимски во текот на сите 60 минути во полуфиналниот дуел.
Иако е трет тренер во екипата на Вардар оваа сезона, Дибирова добро ги знае девојките и знае да го извлече максимуот од нив за конечен успех во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


