Сестри-близначки денеска со тешки повреди завршија на скопските клиники по меѓусебна расправија, која прераснала во крвава тепачка.
Инцидентот се случил околу 13:30 часот во стан на ул.„Водњанска“ во Скопје, каде прво дошло до расправија помеѓу сестрите М.П. и М.П., по што со кујнски ножеви си нанеле по неколку убодни рани една на друга, пренесува „Телма“.
Сестрите се хоспитализирани во Клинички центар, каде кај едната близначка е констатирана тешка телесна повреда, крварење од белодробно крило, а за втората дополнително ќе се произнесат за карактерот на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


