| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешното момче искрено призна: Со цело срце навивам за Јана!

viktor jana

Виктор Апостоловски со цело срце навива за својата поранешна девојка Јана Бурческа на „Евровизија“ и искрено се надева на нејзин висок пласман во Киев, пренесува „Вечер“.

– И јас го делам мислењето на мнозинството. Конечно имаме песна од 21 век, направена по светски стандарди и сметам дека ако и настапот е добар како песната, ќе котираме многу високо. Секако дека Јана ја има мојата поддршка. Пред се, ние сме пријатели, така што јас од срце и посакувам успешен настап, висок пласман и најважно од се, добра забава – изјави младиот пејач за весникот.

Апостоловски моментално е сингл и е во потрага по вистинската.

– Кога се работи за љубов, не треба да имаш слободно време, туку треба да направиш слободно време! Или што би се рекло: Тој што сака да направи нешто, ќе најде начин… тој што не сака, ќе најде изговор. Јас очигледно, си наоѓам изговори. Шегата на страна, не е дека нема време за љубов, време секогаш има, туку едноставно, периодов сум повеќе ориентиран на работа и на забава. Поклопувам коцки, правам планови, сакам да го прошетам цел свет, да видам илјадници места, да се дружам и да уживам во животот. А, љубовта, таа ќе си дојде спонтано… тогаш кога најмалку очекуваш Купид те има на нишан – заклучи битолчанецот кого македонската јавност го запозна преку учеството во музичкото шоу “Идол”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top