| четврток, 6 декември 2018 |

Мирисот на рузмарин го подобрува помнењето

Научниците велат дека мирисот на рузмарин го подобрува помнењето.

Според резултатите од истражувањата, учениците и студентите кои работеле во просторија со мирис на етерично масло од рузмарин постигнале за пет до седум проценти подобри резултати на тестовите за меморија, изјави Марк Мос од Унверзитетот Нортамбрија.

Мирисот на рузмарин со векови се поврзува со добрата меморија, пишува BBC, а Мос изјави дека тоа сега е научно потврдено, додавајќи дека учениците во Стара Грција носеле венци од рузмарин на тестовите.

Истражувањето ќе биде претставено оваа недела на годишната конференција на британското друштво за психолози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top