Ако се суди според резултатите на новата студија што ја спровел тим од Универзитетот „Мекгил“ во Канада, жените што почесто имаат сексуални односи подобро помнат.
Канаѓаните пронашле врска меѓу сексот и растот на нервното ткиво во хипокампусот, делот од мозокот одговорен за контрола на емоциите, нервниот систем и меморијата или памтењето, пишува „Индепендент“.
Резултатите покажале дека жените што често практикуваат секс подобро помнат апстрактни зборови, но зачестеноста на сексуалните односи немала влијание врз помнењето на лицата.
Поврзаноста со помнењето може да биде резултат на фактот дека сексот е вид на телесни вежби и дека помага при ослободување од стрес и депресија, а со самото тоа има позитивни ефекти врз помнењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.