Чешкиот премиер Бохуслав Соботка се премисли – не се повлекува од функцијата. Тој, напротив, ќе бара заминување на неговиот политички ривал, министерот за финансии Андреја Бабиш, од владата, пренесуваат чешките медиуми.
Соботка претходно соопшти дека ќе поднесе оставка заедно со целата влада.
Според информациите, премиерот се премислил откако претседателот Милош Земан најави дека ќе ја прифати оставката само од Соботка, а не и од целиот владин кабинет, што би значело дека министерот Бабиш би останал на функцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.