Четириесетгодишниот А.Л. од скопско Батинци се бори за живот по сообраќајна несреќа, која вчера попладне се случи на патот Скопје – село Батинци.
Од МВР денес информираат дека до несреќата дошло при судир на камион што го управувал 34-годишниот М.Е. од Средно Коњаре и комби управувано од повредениот А.Л.
Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде што се наоѓа во животна опасност.
На местото на несреќата е извршен увид, а полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.