| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец се бори за живот на скопските клиники по тешката сообраќајна несреќа

soob1

Четириесетгодишниот А.Л. од скопско Батинци се бори за живот по сообраќајна несреќа, која вчера попладне се случи на патот Скопје – село Батинци.

Од МВР денес информираат дека до несреќата дошло при судир на камион што го управувал 34-годишниот М.Е. од Средно Коњаре и комби управувано од повредениот А.Л.

Со возило на итна медицинска помош  бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде што се наоѓа во животна опасност.

На местото на несреќата е извршен увид, а полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top