Дваесетгодишно момче загина во такси кое било нападнато од група демонстранти за време на антивладин протест во Истанбул.
Тоа е првиот смртен случај од почетокот на протестите во Турција. Во инцидентот се повредени четири други луѓе од кои еден е во тешка состојба. Протестите почнаа пред четири дена против плановите на властите да го реновираат централниот дел од плоштадот Таксим во Истанбул, но по претерано острана интервенција на полицијата се проширија и на други места и станаа најголеми антивладини демонстрации во државата во изминатите неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.