Македонскиот каратист Берат Јакупи го обезбеди првиот медал на Европското првенство што се одржува во турскиот град Кочаели. Еден од нашите најдобри каратисти успеа да се пласира во финалето во категоријата до 84 килограми, со што Јакупи веќе го осигура најмалку сребрениот медал.
Во борба за златото тој ќе се сретне со домашниот турски репрезентативец Угур Акташ. На патот до финалето македонскиот каратист во првото коло го совлада Русинот Денис Денисенко со 2-1 на поени, во втората борба беше подобар од Белорусинот, Антон Исакау, а во четвртфиналето од босанскиот натпреварувач Мерис Муховиќ, додека во полуфиналната борба Јакупи го победи и Гркот, Георгиос Цанос.
Ова е прв голем успех за македонските каратисти на 52-то ЕП во Турција и тоа остварен на првиот натпреварувачки ден. Експедицијата на Македонија брои вкупно 14 репрезентативци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст