| четврток, 6 декември 2018 |

Јакупи го обезбеди првиот медал за Македонија на ЕП во карате во Кочаели, Турција

b jakupi

Македонскиот каратист Берат Јакупи го обезбеди првиот медал на Европското првенство што се одржува во турскиот град Кочаели. Еден од нашите најдобри каратисти успеа да се пласира во финалето во категоријата до 84 килограми, со што Јакупи веќе го осигура најмалку сребрениот медал.

Во борба за златото тој ќе се сретне со домашниот турски репрезентативец Угур Акташ. На патот до финалето македонскиот каратист во првото коло го совлада Русинот Денис Денисенко со 2-­1 на поени, во втората борба беше подобар од Белорусинот, Антон Исакау, а во четвртфиналето од босанскиот натпреварувач Мерис Муховиќ, додека во полуфиналната борба Јакупи го победи и Гркот, Георгиос Цанос.

Ова е прв голем успех за македонските каратисти на 52­-то ЕП во Турција и тоа остварен на првиот натпреварувачки ден. Експедицијата на Македонија брои вкупно 14 репрезентативци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top