| четврток, 6 декември 2018 |

Владе Дивац повторно сака Сакраменто да го направи српски тим

teodosic i bogdanovic

Како што пишуваат американските медиуми генералниот менаџер на НБА тимот Сакраменто Кингс, Владе Дивац, подготвува два потенцијални трансфери на српски кошаркари ова лето.

Имено, поранешниот српски репрезентативец е сериозно заинтересиран за Богдан Богдановиќ, кој е соиграч на Перо Антиќ во Фенербахче. Исто така, НБА екипата го посакува и најдобриот европски плејмејкер, Милош Теодосиќ, чие доаѓање во САД се очекува од година до година. Неговиот договор со ЦСКА Москва истекува ова лето, што е причина плус за него да го направи најголемиот чекор во својата професионална кариера.

Дивац ќе биде клучот за доаѓањето на српскиот тандем во Кингси, за кој уште се заинтересирани уште неколку НБА екипи.

Во периодот до 1998 до 2004 година, Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ беа носители на играта на Сакраменто и во неколку наврати играа во финалето на западната конференција, но никогаш во големото финале.

divac i stojakovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top