| четврток, 6 декември 2018 |

Заев повторно побегна од „Поткуп“, имал закажано средба

zaev-pred-sud-13-custom

Рочиштето за судскиот процес против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Поткуп“ денеска повторно беше одложено. Овојпат Заев како оправдание ја посочи закажаната средба со висок претставник на ОБСЕ во 11 часот.  Тој на предметната судијка и достави доказ дека има средба, по што рочиштето е презакажано за 27 јуни.

Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top