Рочиштето за судскиот процес против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Поткуп“ денеска повторно беше одложено. Овојпат Заев како оправдание ја посочи закажаната средба со висок претставник на ОБСЕ во 11 часот. Тој на предметната судијка и достави доказ дека има средба, по што рочиштето е презакажано за 27 јуни.
Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Притворен командир на шумска полиција за земање поткуп
-
Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп