| четврток, 6 декември 2018 |

Раул одлучи, без Томовски, Велковски и Поповски на првиот дуел против Исланд

makedonska rakometna reprezentacija

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, го одреди составот за денешниот дуел со Исланд во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска. Од 19 репрезентативци што беа повикани за овој собир, на трибините ќе останат тројца од помладите ракометари – голманот Мартин Томовски, десниот бек Мартин Велковски и десното крило Мартин Поповски.

Македонија вечерва од 20 часот во „Борис Трајковски“ ја пречекува селекцијата на Исланд, а на 7 мај гостува во Рејкјавик. По првите две кола и Македонија и Исланд имаат по една победа и еден пораз и овие два меѓусебни дуели ќе бидат од голема важност и за едната и за другата репрезентација во борбата за првите две места во групата што носат пласман на ЕП 2018 во Хрватска.

За Раул Гонзалес ова ќе биде селекторско деби на македонската клупа, а со оглед на кусиот период за подготовки пред двомечот со Исланд, шпанскиот стратег се реши да излезе на терен со проверени сили.

Состав:

голмани – Борко Ристовски и Никола Митревски

крила – Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски

бекови – Филип Талески, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Марко Неловски, Велко Марковски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Влатко Митков

пикери – Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Марковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top