| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичани порачаа: Ќе одиме до крај, додека не се избориме за нови избори

Распишување нови парламентарни избори побараа вечерва учесниците на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” во Струмица.

– Нашето најголемо оружје е волјата за самостојна Македонија. Нема откажување на првата препрека. Ќе одиме до крај, додека не се избориме за нови избори на кои народот ќе одлучи кого ќе поддржи, рече Ангелина Ангелова.

Учесниците обвинија за двоен однос на, како што рекоа, странските емисари кон учесниците во Шарената револуција и учесниците во овие протести.

Сметаат дека меѓународната заедница избрзала во признавањето на, според нив, нелегално и незаконски избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Реагираа на поставеното албанско знаме во кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.

Побараа масовност, како еден од основните предуслови за распишување нови парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top