Вистината е дека и да врне и да не врне ние сме тука, сме биле тука и ќе продолжиме да бидеме тука. Ова е нашиот пат, порача од пред Собранието членот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.
Вели дека борбата е долга и никогаш не престанува.
-Ќе пробаат со се да не разбијат. Со спинови, со навреди, со закани. Со етикетирања и со навреди. Сакаат да не нема од улиците, од нашиот пат, бидејќи се плашат од нас и бидејќи нашиот пат не е и нивни пат. Нашиот пат е пат на достоинство, чест и ред, нивниот пат е пат на силување на демократијата и газење на Уставот и законите во Република Македонија. Нема да им помине. Нема да успеат, без оглед на тоа што некој мисли во моментов. Нема, бидејќи ние сме тука. Бидејќи ние веруваме. И бидеќи ќе бидеме поупорни од нив, истакна Илиевски.
Посочи дека граѓаните веруваат во правото, правдата, борбата против современите начини на окупација на една земја.
-Работите треба да ги нарекуваме со вистинското име. Ова не е демократија. Ова не е правда. Ова не е суверенитет, рече Илиевски.
Според него, ова е еден вид на окупација, со самоназначен пара-претседател на Собрание.
-И оваа евробирократска дивоградба на моќни сили, создадена на брзина, секогаш ќе остане дивоградба. Не може да ја легализира никој освен граѓаните на избори. И колку и некој да не сака да ги слуша граѓаните, ќе дојде ден кога гласот на народот ќе победи. Бидејќи гласот на граѓаните за Заедничка Македонија е глас за почит, глас за љубов, глас за мир, разум и достоинство. Глас за гордост, почит и против дискриминација. Тој глас ќе победи. Бидете сигурни во тоа. Но, до победата, мора да се бориме, вели Илиевски и дадава дека победите не доаѓаат поклонети, ниту пак доаѓаат лесно.
Според него, победите се слатки кога се заслужени и тоа со сопствени сили. Илиевски посочи дека Македонскиот народ е пиреј кој не може да исчезне, кој не може да биде уништен.
– Тоа е пирејот кој секогаш ќе го има и секогаш ќе расте. Како Фениксот кој се издига од пепел, така и ние ќе се издигнеме од пепелта во која некои сакаат да ја покријат слободната волја на граѓаните, правото и демократијата во Македонија, потенцира Илиевски.
Потенцира дека редот е процедура и Закон, а кога некој ќе го гази редот и ќе го крши Законот и за тоа бара легитимитет во окупациските методи на, како што вели, недобронамерниците кон Македонија, тогаш борбата против окупаторот е единствена опција.
-Ако не се бориме, утре ќе дојдат и од дома ќе не иселуваат, противзаконски, со изговор дека за тоа амин им дал некој костумосан бирократ од најдлабоките темнини на местата каде зборот демократија и правда, закон и ред, се газат и пеплосуваат, се користат само кога и како што некому му одговараат, истакна Илиевски.
Според него, во ваква ситуација борбата против т.н. окупатор е единствена опција.
-Борбата која Уставот кој не го кршиме ни ја овозможува на мирен демократски начин. Со постојаност, со истрајност, со непопуслитвост. Ова е борба за принципи, ова е вистинската борба за правдина во Македонија. Ова е борба за Македонија, суверена и независна, посочи Илиевски, додавајќи дека во таа борба, најсилното и единственото оружје сме сите ние.
-И ќе победиме. Не се посилни од нас, ако решиле да го силуваат Уставот еден ден ќе дојде крај на тоа. Ако решиле да одат против гласот на граѓаните и на тоа еден ден ќе му дојде крајот. Заедно, сплотени како едно секој ден, ние и сите браќа и сестри низ цела Македонија, подвлече членот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски:Ако замолчиме, ако замижиме сега, ние ќе сме генерацијата која допринела за укинување на македонската држава!
-
Протестите продолжуваат в понеделник, денеска панел-дискусија
-
Илиевски: Во Собранието се обидуваат да ја изиграат демократијата, да го скршат Деловникот и Уставот
-
Илиевски: Хан има двојни стандарди против кои се бориме и ќе ги победиме