| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ниедна демократска влада во светот не смее да биде избрана со кршење на начелото на владеење на правото!

Во демократско општество владеењето на мнозинството доколку не се заснова врз начелото на владеење на правото, всушност, претставува и се нарекува „диктатура“. Ниедна демократска влада во светот не смее да биде избрана со кршење на начелото на владеење на правото. Тоа во старт претставува диктатура, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“, по денешното заземање на претседателскиот кабинет во Собранието од страна на Талат Џафери.

„Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и Деловникот на Собранието. Сѐ што во иднина би се донело со негово учевство, потпис или  каква било активност, ќе биде плод на затруено дрво, ќе биде плод на диктаторски акт за назначување на претседател на Собрание.
Многу диктаторски влади биле признати од демократски системи, од една или друга причина. Тоа нема да ја смени сликата. Ниту пак дека имале мнозинство, за кое немаше ниту запис, броење, стенограм и слично, за противзаконскиот и противуставен акт“, пишува Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top