| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Ливерпул можат да здивнат, Кутињо не е сериозно повреден!

filipe kutinjo

Филипе Кутињо, најдобриот фудбалер на Ливерпул пред два дена на мечот против Кристал Палас поради повреда во 13. минута мораше да го напушти тревникот на „Енфилд“, но синоќа Бразилецот соопшти дека повредата не е сериозна и набрзо ќе се врати во составот на Клоп.

– Сакам да им се заблагодарам на моите фанови за огромната поддршка. Добив незгоден удар, но не е страшно, за краток период ќе се вратам на терен – истакна Кутињо.

Засега не е познато дали офанзивецот ќе биде во стројот на Клоп за следниот натпревар на „црвените“, против Саутамптон оваа недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top