| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро вакцина против акни

Дерматолог од Универзитетската клиника во Сан Диего, кој работел на вакцина против антракс, моментално работи на заштита од акни.

Професорот Ерик Хуанг е директор на шестгодишна студија која треба да доведе до развој на вакцина за борба против бактерии кои предизвикуваат акни.

„Ова е прва вакцина во служба на човековата убавина” – рече Хуанг, додавајќи дека за неа би постоел голем пазар.

Тинејџерите посебно се склони на акни, бидејќи поради зголеменото лачење на потните жлезди поради пубертетските промени, бактериите полесно се размножуваат на нивната кожа.

Истражувачите веќе развиле антитела кои влијаат само на токсичниот CAMP протеин кој лачи бактерии и сега работат на два вида на вакцини, терапевтска и превентивна.

За сега тие вакцини се во фаза на истражување, но охрабрува фактот што добро се покажале на глувци и помали примероци на човечка кожа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top