| четврток, 6 декември 2018 |

Што ти прави нова љубов: Се здебелив, ама не ми е гајле

Викторија Лоба веќе ја отвори летната сезона и деновиве ужива на море во Грција сo старо-новиот дечко Ѓорѓи, со кого беше и верена.

Дека и годи морето доказ се и фотките кои пејачката секојдневно ги објавува на социјалните мрежи, а посебно внимание привлече онаа на која позира во минијатурен црн костим за капење, а под неа напишала:

Се здебелив килограм и пол, но не ми е гајле!”.

Дека нема зошто да се грижи и порачаа и виртуелните пријатели кои преку коментари и рекоа дека изгледа подобро од кога било.

Инаку, пејачката непосредно пред заминувањето на одмор ја сними новата песна во студиото на Роберт Билбилов чија промоција се очекува да се случи до крајот на месецот, а паралелно работи и на албумот кој треба да излезе наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top