Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ЕУ треба да отвори нови поглавја во преговорачкиот процес за членството на Турција во ЕУ, бидејќи во спротивен случај Анкара нема за што да разговара со Унијата и ќе каже „до видување“, пренесоа британските медиуми.
Тој овие коментари ги даде откако еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Турција под раководната палка на претседателот Ердоган го свртела грбот за приклучувањето кон ЕУ.
-Од сега, па натаму нема други опции освен отворање на поглавјата кои досега не се отворени. Доколку не ги отворите, до видување, рече Ердоган на церемонијата по повод неговото враќање во владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.