Дарио Срна, поранешниот хрватски репрезентативец, стави крај на сите шпекулацииза својата иднина, откако потпиша нов договор со украинскиот гигант Шахтјор.
34-годишниот десен бек оваа зима беше силно поврзуван со премин во редовите на Барселона, како замена за Алеиш Видал, но на крај одлучи да остане на „Донбас арената“.
Новиот договор на Хрватот ќе има важност до крајот на сезоната 2017/18, а покрај Барса со празни раце остане и премиерлигашот Вест Хем на Славен Билиќ, кој исто така беше заинтересиран за услугите на искусниот дефанзивец на Шахтјор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.