Инаугурацијата на претседателот Барак Обама беше фантастична прослава на каква се учествува ретко вели единствениот Македонец кој присуствуваше на балот приреден во чест на почетокот на вториот мандат на претседателот на САД.
Претседателот на Обединетатта Македонска Дијаспора Методија Колоски кој беше еден од поканетите на балот за „Република“ вели дека е сите Американци се горди на настанот кој што целиот свет го преку медиумите и социјалните мрежи. На балот учествувале вкупно околу 7,000 гости а меѓу нив биле и Алиша Кис, Џенифер Хадсон, Џон Лагард, Стиви Вондер, членовите на групата Саундгарден . На балот по еден танц пред присутните изиграле брачните парови Обама и Бајден а прославата траела до полноќ.
Колоски вели дека на самата инаугурација присуствувале и две Македонки , претставнички на Обединетатта Македонска Дијаспора. Ана Доневска и Злата Унеркова биле сместени пред Конгресот на САД каде што претседателот Обама го држеше својот говор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа



