| четврток, 6 декември 2018 |

Инаугурацијата на Обама доживеана од еден Македонец

Metodija-Koloski-United-Macedonian-Diaspora-632x400Инаугурацијата на претседателот Барак Обама беше фантастична прослава на каква се учествува ретко вели единствениот Македонец кој  присуствуваше на балот приреден во чест на почетокот на вториот мандат на претседателот на САД.

Претседателот на Обединетатта Македонска Дијаспора Методија Колоски кој беше еден од поканетите на балот за „Република“ вели дека е сите Американци се горди на настанот кој што целиот свет го преку медиумите и социјалните мрежи. На балот учествувале вкупно околу 7,000 гости а меѓу нив биле и Алиша Кис, Џенифер Хадсон, Џон Лагард, Стиви Вондер, членовите на групата Саундгарден . На балот по еден танц пред присутните изиграле брачните парови Обама и Бајден а прославата траела до полноќ.

Joe Biden, Jill Biden

 

Колоски вели дека на самата инаугурација присуствувале и две Македонки , претставнички на  Обединетатта Македонска Дијаспора. Ана Доневска и Злата Унеркова биле сместени пред Конгресот на САД каде што претседателот Обама го држеше својот говор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top