| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците за ерекцијата: Еве што ја зацврстува, а што ја скратува…

Постојат три видови на ерекција, а некои од нив можат да бидат непријатни. Повеќето пениси се искривени наместо прави, а пенисот е „најголем” по стимулација со орален секс.

 

Стимулација која го прави најголем
Постојат три видови на ерекција – рефлексна која настанува поради вистински контакт, психосоматска поради аудиовизуелна стимулација и ноќна ерекција. Според истражувањето на угледниот магазин Journal of Sexual Medicine, силината на стимулот влијае врз силата на ерекцијата и самата должина на пенисот. Пенисот е најдолг после орален секс, во просек дури до 0.3 цм подолг отколку без таквата стимулација.

На повеќето мажи пенисот не им е прав
Опуштениот пенис крие тајни кои излегуваат на виделина во состојба на ерекција – па тогаш, повеќе од 70 отсто од мажите имаат благо искривен пенис. Тој најчесто е искривен кон левата страна и најчесто кон горе, но тоа не се смета за проблем се’ додека не предизвикува болка. Што се однесува до големината, таа во опуштена состојба не е вистински показател за мерката – кај две третини од мажите пенисот расте околу три сантиметри, додека кај една третина од нив може да порасне и повеќе од пет сантиметри.

Кондомот влијае врз ерекцијата
Иако тоа не важи за сите мажи, на околу 80 отсто од нив презервативите навистина лошо влијаат врз ерекцијата, тврдат експертите. Тие објаснуваат дека тоа првенствено е последица на навиката, но и на други проблеми со ерекцијата, како воспаление на простатата и послаба циркулација и пониско ниво на тестостерон, па поради тоа ерекцијата потешко се одржува. Исто така, мажите претеруваат со мастурбација и често не „чувствуваат” доволно преку кондом.

Но, и мастурбацијата…
Ако мажот немал сексуален контакт или мастурбирал неколку дена, тоа ќе се одрази и врз неговата ерекција, објаснуваат експертите. Таа ќе биде поцврста, а пенисот нешто подолг поради зголемениот проток на крв. Но, ако мажот редовно односно секојдневно мастурбира, голема е веројатноста тогаш и самиот секс да биде значително пократок поради посилната стимулација и поголемата возбуда.

Цигарите ја скратуваат ерекцијата
Пушењето е штетно за сите органи, па така и за пенисот. Никотинот лошо влијае врз циркулацијата, која е клучна за ерекцијата. Со тек на време, последица е дури намалување на пенисот, а студиите покажуваат дека редовното пушење на цигари може да резултира со пенис пократок и до 1 сантиметар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top