| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер ќе игра на „Ролан Гарос“

Роже Федерер потврди дека ќе настапи на „Роланд Гарос“.

Во интервју за „Тенис Чанел“, Швајцарецот потврди дека се пријавил за вториот Гренд слем турнир сезонава, демантирајќи ги гласините дека нема да игра на земјени терени.

Швајцарецот потенцира дека тоа ќе го стори пред се за тениската публика и неговите „фанови“ без разлика дали ќе успее да се вмеша во борбата за титулата, за која фаворитската улога им ја препушта на Надал и Ѓоковиќ.

– Рафа е фаворит. Тој е многу добар на земја, а тоа уште еднаш го потврди со триумфите на турнирите во Монте Карло и Барселона. Новак минатата година беше шампион во Париз, па токму затоа сметам дека заедно со Надал се главни фаворити за трофејот, изјави Федерер кој во Париз ќе атакува на 19. Гренд слем трофеј.

Отвореното првенство на Франција ќе започне на 28 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top