“Маја (21), студентка, згодна и жестока во кревет, бара господин за пријатни, но и врели дружења. Сврти го бројот.”
Вака гласи само еден од бројните огласи на интернет, пропратени со разголени фотографии на провокативни девојки.
Елитните проститутки своите услуги навечер ги нудат на бизнисмени во луксузни хотели, елитни клубови, на јахти, на затворени забави, изнајмени станови но и во студентски домови. Најчесто во „бизнисот“ навлегуваат сами без макро, затоа што на тој начин нема делење на профитот.
Авантурата не е нивен мотив. Во „бизнисот“ влегуваат најчесто поради борба за живот, немање пари за храна, студии, стан.
– На колегите со кои ја делат клупата ни на крај памет не им доаѓа дека тие девојки водат паралелен живот, објаснил еден од клиентите.
Таа објаснува дека има свој стан и дека за своите услуги напатува најмалку 100 евра на час. За времето поминато со Маја, од 23 часот навечер до 10 наутро, потребно е да издвоите 700 евра.
За полицијата да не им влезе во траг, огласот е активен само неколку часа, најмногу еден ден, а потоа се додава нов, под ново име.
Својата приказна за тоа како од првата година на факултет, буквално се продала за „зелена маичка“, а потоа се нашла во кругот на елитна проституција, раскажала 35-годишна девојка.
Таа објасннила дека започнала со проституција бидејќи и биле потребни пари за да ги плати студиите. Потоа видела дека со тоа може да си дозволи многу удобен живот, а потоа сето тоа прераснало во алчност.
Денес, раскажува таа, за нејзината одлука го обвинува своето неизживеано детство и конзервативната средина.
– Студиите ги започнав како вистинско „невино детенце“. Одеднаш се најдов сама, далеку од сите, далеку од родителскиот обрач. Веднаш увидов што прават моите пријателки и со што се занимаваат за да си го подобрат студентскиот стандард. Сфатив дека сега можам да го правам сето тоа што порано не сум можела или не сум смеела поради околината и поради самата себе. Под светлата на веле-градот можев да го допрам или дното или небото. Јас ги допрев двете. Небото го допрев кога се заљубив во момче, срамежливо како мене, кој набрзо со својата бруталност ме турна на дното. Од инат и одмазда кон него, сакав да проверам дали сите мажи се исти. Најпрвин ми се понуди сопственикот на мојот омилен бутик, врсник на мојот татко. Што да ви кажам, тој беше бесрамен, а јас попустлива и завршив во неговиот кревет. Потоа не можев назад. Тоа беше мојот прв секс, кој ми го платија со зелена маичка, објаснува таа.
Покрај парите, облеката од познати марки, таа открива дека клиентите и нуделе и кокаин.
– Веќе во првата година на студии, како резултат на пофалбите на оние кои беа со мене, се рашири „добар глас“ за мене. Заклучив дека сум многу добра во кревет и знаев како од сите да го извлечат тоа што го сакам. Се започна од маичка, тренерки, кондури…но откако се облеков од глава до пети, започна да ме интересираат и парите. За секс „на брзина“, без грам срам барав 100 или 200 евра. Откако пробав еден, двајца, тројца, започна еден пат од кој немаше враќање назад. Од некогашната срамежлива девојка, станав објект кој задоволува нечии желби. Се ми беше небитно и се имаше своја цена, во зависност од местото и желбата на клиентите. Најмногу пари земав од секс на јавно место. Кафе бар, дали има луѓе или не, осветлено паркиралиште, улица или хотелски базен. Верувале или не, додека го пиев утринското кафе имав секс во преполн кафе бар. За клиентот тоа беше адреналински нагон а за мене предизвик за пари, објаснува таа.
Девојките на улица, кои нудат секс, лесно се препознаваат по невкусното провокативно облекување.
-Секоја нормална жена сака да се дотера и да се прошета на високи потпетици, додека пак к***ата, облекува тесно кратко здолниште, кое лесно се соблекува, објаснува таа.
Анонимната 35-годишна девојка објаснила дека некои нејзини клиенти имале и по 80 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.