| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Лам откри за што жали во својата кариера

Filip-Lam

Филип Лам на крајот на оваа сезона ќе и стави крај на својата професионална кариера, а од вчера стана јасно оти тоа ќе го направи со трофеј во Бундеслигата.

„Баварците“ имаа свое шоу на гостувањето кај Волфзбург (6-0) и на тој начин дојдоа до петтиот пехар во низа во ова натпреварување. Секако, задоволството кај клубот од Минхен е огромно особено кај капитенот Лам за кого ова беше осми лигашки пехар, вкупни 21 со екипата, но и покрај тоа тоа жали за една работа во кариерата-головите.

– Осум лигашки пехари, 21 титула, ок, тоа е одлично. Ама многу малку голови? Тоа можеше да биде подобро. Бундеслигата никогаш не била подарена. Морам да уживам во последните недели и во секоја тренинг сесија. На последниот ден ќе земам се. Многу луѓе ќе бидат на стадионот, моето семејство, пријателите, изјави Лам кој со исклучок на две години кога беше на позајмица во Штутгарт, целиот свој фудбалски живот му го посвети на составот од „Алијанц Арена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top