Познатата српска писателка која веќе неколку години се бори со канцерот, се разведува од својот сопруг Небојша Пајкиќ. Веста се наоѓа на насловната страна на магазинот „Хело“, а писателката меѓу другото изјавила дека се наоѓа на лечење во Скопје и дека разводот и тоа како ја погодил.
– Јас како да умрев, моето срце не може да издржи толкава болка, изјавила таа.
За Бјелица, која веќе подолго време се бори со канцерот и јавно говори за оваа борба, ова е прв брак од кој има син и ќерка, а Исидора на Пајкиќ му е трета жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.