Наместо безочните лаги на однародените, примитивно-малограѓански „социјалдемократи“, ова е вистинстинската слика од народното ослободување на македонското народно Собрание од тиранијата на СДС, напиша пратеникот Љупчо Димовски објавувајќи видео на социјалните мрежи на кое се гледа дека граѓаните со веење на македонски знамиња влегуваат со салата каде се одржуваат собраниските седници, откако претходно во истата СДСМ на незаконски и нелегитимен начин го избра Талат Џафери за претседател.
За медиумите под контрола на Сорос, Димовски вели дека не смета дека поддржале и дочекале насилници, туку дека се поздравувале со народот и му ракоплескале на народот.
– Тоа е народ, а не тепачи, и незнам зошто воопшто реагирате. Да ви кажам дека додека бев во салата, јас воопшто не знаев што се случува во другите сали и делови на Собранието. Не знаев дали се случило тепање, а кога народот влезе кај нас, кога тие луѓе ми пружија рака, нормално е дека ќе се ракувам со нив. Не се сретнавме ние со тепачи, како што ги нарекувате, туку народ дојде во собрание и се сретна со пратеници! Тоа е мој став!, вели Димовски за Фокус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.