Изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието беше провокација кон народните маси, за да се создадат немири. Се работи за иисценирана операција за промена на улогите, смета Дарко Јаневски, главен и одговорен уредник на Дневник.
Во интервју за ТВ Нова тој потсети дека откако започнаа протестите немаше никаков инцидент, луѓето излегоа со свои барања, а последното беше она за нови избори, меѓутоа некој сакаше да ја промени перцепцијата.
– Кај народот беше создадена перцепцијата дека „црвено-жолтите“ ја бранеа државата, наспроти „агресорот“ претставен преку СДСМ и албанските партии со т.н. Тиранска платформа. Очигледно некој сакаше оваа перцепција да се смени. Симпатиите секогаш се на страната на оној којшто трпи некакво насилство, па оттука и потребата да се испровоцира тоа насилство. Луѓето од СДСМ да бидат претставени како жртви, а наспроти тоа оние кои до вчера го носеа ореолот на бранители на државата да испаднат хулигани, насилници и агресори. Се работи за операција во којашто требаше да се сменат улогите, смета Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јаневски: Нужно е ВМРО-ДПМНЕ да си се преиспита: Дошло време кога треба да му се баци рака на народот
-
Хистерија на Соросовите медиуми: Пропаѓа планот за инсталирање на Заев како извршител и платформата на Еди Рама
-
Дарко Јаневски: Да не пресечеше Иванов, Рама ќе раководеше со државата
-
Никола Груевски им стана фрустрација на странциве