| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Јаневски: Да не пресечеше Иванов, Рама ќе раководеше со државата

Дарко Јаневски

Дарко Јаневски

Изгледа дека претседателот на државата го направи тоа што на огромниот број Македонци им стоеше на врвот на јазикот, но малку кој, со чесни исклучоци, имаше храброст да го каже: нема мандат за какви било платформи изготвени во Албанија или во која било друга држава, ниту врз таа основа тој може да довери мандат на претставник на партија или партии за формирање влада. Поентата е јасна: клучот за формирање влада не беа програмите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и останатите албански партии од РМ, туку платформата изготвена во Тирана, со што Албанија стана фактор во преговорите за формирање на македонската влада или, ако сакате попрецизно, конститутивен елемент во тој процес. Со тоа Иванов вторпат во последните месеци (како и во случајот со аболицијата) изречно ја презеде раководната извршна палка во државата. Друго чаре, во овој момент, очигледно нема. Или има, но другото беше да дозволи Еди Рама да ни раководи со државата, а Иванов како пензионер да си седи во вилата на Водно и да ги ужива оние можности што ги дава претседателската функција, без да води сметка за тоа што понатаму ќе се случува по улиците, пишува Дарко Јаневски во коментарот „Изборот меѓу сувереноста на РМ и Еди Рама“, објавена во „Дневник“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top