| четврток, 6 декември 2018 |

Разведен, успешен и секси до болка – ова е новото момче на Наташа Беквалац!

наташа2

Наташа Беквалац (36) заплови во романса со Лука Лазукиќ(36), а како што се дознава, парот се запознал непосредно откако пејачката се развела од Љуба Јовановиќ.

Иако од разводот на Наташа помина само околу еден месец, се чини дека убавата пејачака не можела да одолее на шармот на Лазукиќ, па парот ужива во почетокто на романсата. А како и не би, кога новото момче на Наташа освен што е згодно, многу е и успешно.

наташа

Имено Лука е ИТ експерт и еден од најуспешните млади претприемачи во Белград. Тој е косопственик на компанија која се занимава со програмирање и дигитални медиуми

Покрај тоа што се занимава со осмислување на разни апликации во рамки на дигиталните медиуми, Лука е страствен мотоциклист и секоја година учествува на разни мото манифестации.

 

Инаку ова момче со специфични очи пред врската со пејачаката бил во брак, од кој има едно дете. Во младоста се занимавал со кошарка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top