| четврток, 6 декември 2018 |

Новите кинески сопственици на Милан тргнуваат по Фабрегас

fabregas

Кинезите се подготвени да му ги исполнат желбите на Монтела, па затоа ќе ја издвојат истата сума за кој Фабрегас се пресели во Челси од Барселона, односно 30 милиони фунти. „Росонерите“ одново ќе се обидат да го донесат Сеск Фабрегас на „Сан Сиро“, откако не успеаа во зимскиот преоден рок. Италијанскиот клуб има недостиг од квалитетни фудбалери во средниот ред , а сметаат дека со Фабрегас ќе започне револуцијата во составот.

Монтела сака да го смени скоро целиот тим, но и да ги задржи младите ѕвезди и идните лидери на тимот како Донарума, Ромањоли, Локатели и Де Шилјо. Покрај Фабрегас, Милан го бара и 20-годишниот играч за врска на Сасуоло, Лоренцо Пелегрини, кој сезонава воодушевува во Серија А.

29-годишниот шпански репрезентативец сезонава стартуваше на само 10 натпревари за Челси, Конте го преферира Матиќ во комбинација со Канте, а јасно е дека Фабрегас не сака да седи на клупа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top