Големи полициски сили се присутни околу Цетиње и во самиот град, каде што во Собранието треба да се гласа за законот со кој Црна Гора го потврдува Северноатланскиот договор.
На истото место опозицискиот Демократски фронт најави протестен собир на граѓани кои не се согласуваат со ваквата одлука.
Луѓето на Цетиње почнуваат да се собираат, а главниот протест е закажан за 13 часот пред зградата на Собранието.
Моменталната состојба не е напната, но се очекува доаѓање на голем број демонстранти.
Зградата на Собранието е опкружена со огради и невозможно е да се пријде.
– Протестниот собир ќе биде снимен и тоа полицијата официјално го најави. Постоеја и некакви соопштенија од локалната самоуправа практично за некаква полувонредна состојба, во смисла нема да работат училиштата, градинките и рестораните. Централниот дел на градот практично ќе биде блокиран, но поминав од таму и не видов знаци за предупредување – вели Весовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.