| четврток, 6 декември 2018 |

Откажана денешната собраниска седница

133673764-117520 (1)

По вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ се надвор од употреба.

Во согласност со законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за нивно ставање во функција и за утврдување на штетата. Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието. Со оглед на тоа, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за во 11 часот нема да се одржи, а за продолжението ќе има дополнително соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top